300
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес донесе закон со кој се зајакнуваат федералните ресурси во борбата против домашниот тероризам, по масовното убиство во средината на мај во Бафало, во сојузната држава Њујорк.
За законот гласаа 222 членови на Претставничкиот дом, а 203 беа против, главно од редовите на републиканците.
Законот за тероризам предвидува надлежните органи на секои шест месеци да доставуваат извештај и оценки за домашниот тероризам и закани кои ги испраќаат неонацистичките и расистичките групи.