Претставничкиот дом усвои закон за спроведување санкции против повеќе од 200 Руси

од Stefanija Kuzmanovska
133 прегледи

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон со кој ќе се овозможи примена на санкции против повеќе од 200 руски функционери, бизнисмени, претприемачи, јавни личности и други кои Вашингтон ги сомничи за корупција и кршење на човековите права, пренесе денеска ТАСС.

Законот беше усвоен вчера на иницијатива на конгресменот Том Малиновски и треба да биде усвоен од Сенатот на САД и потпишан од претседателот Џозеф Бајден за да стапи на сила.

Санкциите беа воведени против Русите кои ја поддржуваат руската влада и специјалната воена операција во Украина.

Слични содржини