Претставници на ЗНМ на средба со Арсовска – побараа да се унапреди транспарентноста и комуникацијата со новинарите

од Vladimir Zorba
325 прегледи

На барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), се одржа средба на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со претседателот Младен Чадиковски и претставници на ЗНМ.

На средбата, претставниците на ЗНМ и градоначалничката Арсовска дискутираа за одржување на редовни брифинзи со новинарите како начин за унапредувањето на транспарентноста на Град Скопје, при што во интерес на двете страни и јавноста е неделно да се брифира за настани поврзани со работата на градот.

Ставот на ЗНМ е дека многу е важно администрацијата на Градот Скопје да биде отворена и транспарентна кон новинарите бидејќи тие играат клучна улога во информирањето на јавноста. Професионалните новинари помагаат на избраните функционери да бидат транспарентни пред граѓаните преку известување за нивните активности, политики и резултати, со што се гради доверба и кредибилитет. Дополнително, со слободниот проток на информации, се овозможува придвижување кон функционална демократија.

Слични содржини