Претставникот на Тонга „го украде“ шоуто на отворањето на ЗОИ

од Vladimir Zorba
353 прегледи

Претставникот на Тонга на Олимпијадата во Пјонгчанг ги стопли срцата на Корејската публика и беше центар на вниманието за време на парадата на спортистите на отворањето на Игрите.

34-годишниот Пита Тауфатофуа излезе топлес и по сандали, гордо веејќи го знамето на Тонга. Единствениот претставник на оваа земја не се уплаши од ниските температури и наполнет со позитивно расположение и широка насмевка, продефилира под аплауз од гледачите. Тауфатофуа ќе настапи во ски-трчање на неговите први Зимски олимписки игри.

Спортистот од Тонга учествуваше на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро и тогаш повторно беше знаменосец на делегацијата на Тонга за време на церемонијата на отворањето. Во Рио, Тауфатофуа учествуваше на таеквондо турнирот, каде што беше отстранет во првиот круг.

Слични содржини