Претставниците на католичките и протестантските цркви во Германија изразија изненадување од мерките на федералните и покраинските влади, кои предвидуваат одржување на велигденски обреди без присуство на верници и најавија дека нема да ги следат препораките на властите.
„За време на Божиќ, покажавме дека, со претпазливост, можеме да одржуваме служби во присуство на верници, поради што не сакаме да се откажеме ниту од миса за Велигден“, рече претседателот на Конференцијата на германските бискупи , Георг Бетинг, објави Хина.
Протестантската црква во Германија досега одбиваше да ги коментира препораките на федералните и покраинските влади и најави консултации со политички претставници.
Претседателот на Советот на германски протестанти, Хајнрих Бедфорд-Стром изрази изненадување од одлуката на федералните и покраинските влади.
„Одлуката на самитот за корона многу не изненади, особено ако земеме предвид дека тоа е најважниот христијански празник“, рече Бедфорд-Стром.
На состанокот ноќта помеѓу понеделник и вторник, претставниците на федералните и покраинските влади одлучија да не го забранат богослужбата за Велигден, но ги повикаа христијанските заедници да се фокусираат на одржување виртуелни маси поради ненадејното влошување на епидемиолошката состојба.