Претставниците на Украина на Евровизија настапија во првата полуфинална вечер, а по настапот на публиката и се обратија зборовите: „Ви благодариме што ја поддржувате Украина“.
Оркестарот „Калуш“ донесе песна составена од етно и рап елементи, а за нивниот сценски настап доаѓаат позитивни коментари.
The rap, flute loop, the bucket hat, the breakdancing, the sparkly waistcoat. We will never be as cool as Kalush Orchestra. 🇺🇦 #Eurovision #ESC2022 pic.twitter.com/TeUmYjiI7m
— Eurovision Song Contest (@Eurovision) May 10, 2022
Песната на претставничката од Украина од почетокот на годинашното натпреварување е главен фаворит за победа.
Според кумулативната проценка на податоците од неколку различни обложувалници објавени на веб-страницата eurovisionworld.com, Украина има дури 49 отсто шанси за победа.