Претставување на колекција на МСУ со дела и од македонски уметници во Виена

од Vladimir Zorba

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата од Министерството за култура за претставувањето на колекција на Музејот на современа уметност – Скопје, во Кунстхале – Виена.

Посетителите во Виена, според образложението од Министерството за култура, ќе може да видат 94 дела од колекцијата на НУ Музеј на современа уметност, меѓу кои дела на Мартиновски, Пандилов, Перчинков, Владимирски, Тодоровски, како и од Вазарели, Пикасо, Кац и други.

Концептот на изложбата предвидува и присуство на уметници од светот, кои ќе направат своја селекција на делата од колекцијата и ќе осмислат своја поставка.

Преку реализацијата на оваа изложба ќе се унапреди досегашната меѓународната соработка со постоечките партнери, кураторскиот колектив WHW од Кунстхале во Виена, кои се воедно и раководни лица на институцијата, со потенцијал за проширување на соработката и со други партнери и сродни институции на билатерално и мултилатерално ниво.

Слични содржини