Претстои променливо облачно време со повремен дожд

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата, поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа
врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и силен ветер (над 60 километри на час).

-Локално ќе наврне поголема количина на дожд (над 20 литри на квадратен метар за 24 часа). До четврток ќе дува јужен ветер, кој утре ќе биде со засилен интензитет, а од петок ќе дува од северен правец, информира УХМР.

Слични содржини