САД треба да објават извештај што се очекува да покаже вмешаност на престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, во убиството на новинарот Џамал Кашоги во 2018 година.
Американскиот претседател Џо Бајден го прочита разузнавачкиот извештај и наскоро треба да разговара со саудискиот крал, пренесува Би-Би-Си.
Извештајот, кој се очекува да биде објавен подоцна денес, ќе покаже дека престолонаследникот го одобрил „и веројатно го наредил“ убиството на Кашоги, изјавија четворица американски официјални лица за новинската агенција Ројтерс.
Кашоги беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул, Турција во 2018 година.
Наследникот на престолот негираше вмешаност.
Саудискиот суд осуди пет лица на смрт за убиство, но во септември минатата година, казните беа изменети на 20 години затвор.