144
Роланда Превала – Кадриу, член на Централното собрание на Алијансата за Албанците, се приклучи на „огнената“ група на ДУИ.
Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој е и пратеник и најистакант член на групата која бара промени во партијата, на својот профил на Фејсбук напиша за приклучувањето на Превала Кадриу.
„Имаше средба меѓу мене и госпоѓа Роланда Превала Кадриу, член на Централното собрание на Алијансата за Албанците, која гордо се приклучи на каузата што ја водиме!, напиша Меџити на Фејсбук.
Меџити вчера за Алсат ТВ рече дека несогласувањето со партиската одлука Алијансата да влезе во Владата, била причината Роланда Превала Кадриу да ја напушти партијата и да им се приклучи на „огнените“.