485
Попладнево дошло до сообраќајна незгодна на патниот правец Скопје – Тетово, при што едно возило се превртело, поради лошите временски услови.
Возилото во моментов е се уште превртено на покривот после првата наплатна рампа кон Тетово.
Сообраќајот не е во прекин, туку се одвива непречено во една коловозна лента.

Фото: Локално
Повредени нема, а колку што може да се види, веројатно станува збор за автомобил со српски регистарски таблички.
Полицијата е на терен и врши увид на местото на настанот.
Фото: Локално