Презентерката Ејупи добивала хонорари од „Железници-инфраструктура“

од Nikola Popovski
329 прегледи

Тв презентарката Бесмира Ејупи добивала хонорари од Јавното претпријатие „Македонски Железници – инфраструктура“, објави денеска Алсат. Таа од 11 мај 2021 година до 16 август 2022 од Владата била поставена и во Надзорниот одбор на Јавното претпријатие.

Таа како член на Надзорниот одбор на ова ЈП со задоцнување го доставила анкетниот лист до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и за тоа платила и парична казна, по што доставила комплетен анкетен лист.

Претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски побара до министерот за надворешни работи Бујар Османи да реферира пред пратеницитe колку Бесмира Ејупи е стручна да работи во Министерството за надворешни работи (МНР), откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени околу нејзиното вработување.

МНР веќе три дена ниту ги демантираат ниту потврдуваат ваквите информации.

Претходно, Ејупи беше предложена од МНР за шеф на дипломатско-конзуларното претставништво во Њујорк. Сепак, под притисок на јавноста, Владата ја повлече оваа кадровска одлука.

Слични содржини