Министерот за правда Кренар Лога беше информиран од Постојаниот претставник на УНДП Армен Григоријан за регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“ кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Проектот започнал на први јануари 2023 година и ќе трае четири години. Со него се обезбедува експертиза и поддршка на судството и органите на прогонот во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово. Во Република Северна Македонија, проектот се фокусира на зајакнување на капацитетите на правосудните органи и на активностите за подигање на свеста за справување со рецидивите од конфликтите и промовирање на помирувањето по пат на регрантирање на граѓанските организации.
На средбата се разговараше и за Стратегијата за развој на правосудуството 2023-2027, законодавната агенда и состојбата во затворите.