Преживеани на фестивалот во Израел ГО ОПИШАА ХОРОРОТ откако ги нападнале членови на Хамас

од Stefanija Kuzmanovska
519 прегледи

Повеќе од 260 тела се извлечени од местото на фестивалот во Израел, наведе агенцијата за спасување Зака. Еден посетител на забавата, по име Ортел, навел дека првиот знак дека нешто не е во ред било кога се огласила сирената пред зори, предупредувајќи за ракети. Очевидци велат дека ракетите набрзо биле проследени со истрели од огнено оружје.

„Тие ја исклучија струјата и одеднаш милитантите влегоа од никаде и отворија оган на сите страни“, изјави тој за израелскиот Канал 12.

„Педесет терористи пристигнаа со комбиња, облечени во воени униформи. Луѓето се обидоа да избегаат од фестивалот, трчаа преку песокот, се криеја во автомобили“, рече тој. Посетителите на фестивалот навеле дека имало и џипови полни со вооружени мажи кои пукале во автомобилите.

„Тие пукаа со рафали и стигнавме до точка кога сите ги запреа возилата и почнаа да бегаат. Јас се качив на едно дрво и се сокрив таму“, изјави еден од посетителите на фестивалот за Би-Би-Си.

На видеата, кои беа споделени на социјалните мрежи, може да се видат напуштени автомобили, покриени со прашина, како и срчи насекаде.

„Се преправав дека сум мртва“

Фестивалот, со три бини, простор за кампување, храна и бар, се одржа во пустината Негев, во близина на Кибуц Реим. Местото на фестивалот е недалеку од Појасот Газа, од каде борците на Хамас го започнале својот напад.

Посетителот на фестивалот, Адам Бурел, изјави за „Харетц“ дека сите на рејвот биле свесни за можноста од ракетен истрел во областа – но дека пукањето било шок за нив. Како и многу други, тој се обидел да побегне со автомобил, но вооружените напаѓачи пукале кон нив, па тој излегол и почнал да бега.

Естер Бороков изјавила дека во хаосот во нејзиниот автомобил удрило друго возило. Млад човек во друг автомобил ѝ рекол да влезе во возилото, а откако таа го направила тоа, тој бил застрелан од непосредна близина. Естер рече дека се преправала дека е мртва додека не била спасена од израелската армија.

Многу посетители на фестивалот, како Ортел, поминале часови криејќи се во блиските грмушки и овоштарници, надевајќи се дека војската ќе пристигне и ќе ги спаси.

„Го замолчив телефонот и почнав да лазам низ овоштарникот. Над мене имаше пукање, куршуми минуваа, жив оган“, изјави Ортел.

Слични содржини