171
Денеска пристигнала дојава за бомба и во основно училште во Кавадарци. Според информациите, станува збор за ООУ „Гоце Делчев“.
Евакуирани се учениците од истото.
Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-Се замолуваат родителите дека нема потреба од паника, а учениците ќе бидат вратени на настава, откако екипите ќе ги прегледаат објектите и кога ќе се утврди дека истите се безбедни, објави градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Претходно утринава дојави пристигнаа и во Министерството за надворешни работи и Градскиот трговски центар.