Пријавено е во анкетниот лист, тоа е нејзина инвестиција со сопствени средства, вели Ковачевски за компанијата на сопругата

од Nikola Popovski
176 прегледи

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во неговиот анкетен лист поднесен до Антикорупциската комисија уште пред да стане претседател на Владата било пријавено дека неговата сопруга има инвестирано во изградба на фотоволтаична централа.

-Согласно законот за трговски друштва и законската регулатива, секој граѓанин може да инвестира свои сопствени средства, како што таа има инвестирано свои сопствени средства. Тоа е пријавено во сите надлежни институции и во Антикорупциската комисија со сите потребни податоци и детали и сите тие податоци се јавно достапни, рече денеска премиерот, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека тоа е нејзина инвестиција којашто ја има направено со свои сопствени средства.

-Без моја помош, зошто би имала моја помош да инвестира средства, кажа Ковачевски прашан дали таа тоа го направила без негова помош.

Слични содржини