На 20.03.2016 година околу 09.30 часот во Скопје, при обид да го приведат А.А.(26), кој се бара за доиздржување казна затвор, полициски службеници физички биле нападнати од неколку лица. Најпрво А.А. пружил отпор по што притрчале и лицата, А.А. (24), Р.Б. (19) и еден шеснаесетгодишник. Притоа Р.Б. со секира ги нападнал полициските службеници со намера да ги спречи да го приведат А.А. Од нападот повредени се двајца полициски службеници. Истите биле префрлени во ГОБ-Наум Охридски за укажување на лекарска помош. Сите лица се совладани и приведени и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.
170
