183
Денеска околу 12.00 часот во с.Кованец, гевгелиско, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Џ.И.(42) од село Кованец.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени осум стебла со висина од околу два метри и едно исушено стебло канабис сатива, три пушки, патрони, муниција, една мини импровизирана лабораторија и дигитална вага.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.