Прибе се сретна и со претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски

од desk3
134 прегледи

Реформите во судскиот систем треба да се спроведат со активно учество на судиите, заради подобрување на состојбите на владеењето на правото во Македонијам му рекол претседатолот на Врховиот суд на експертот на Европската унија, Рајнхард Прибе, на вчерашната средба во судот. Вангеловски и Прибе се договориле разговорите да продолжат во текот на следниот месец. 

Прибе вчера го започна скенирањето на институциите во земјата.  почнувајќи од Министерството за надворешни работи, Министерството за правда и од Владата. Од Канцеларијата на Европската унија во Скопје соопштија дека експертскиот тим предводен од  Прибе од 17 до 21 јули повторно ќе престојува во Македонија како продолжение на средбите што ги имаше деновиве во Скопје.