Од почетокот на годината до сега не е завршен ниту еден циклус на наплата на придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Со најновите измени на законите се воведоа повеќе проблеми отколку решенија-анализира Призма.
![]()
Велат во животот мора само да се умре и да се плати данок. Но, кога е во прашање плаќањето данок во Македонија, фигуративната умирачка и плаќањето данок се тесно поврзани. Љуљета Адеми е самохрана мајка од Скопје која има статус на лице со посебни потреби. За да ја плати киријата и за да може да го издржува детето, таа мора да работи две работи.
Работи како толкувач и преведувач во една новинска агенција, но мора и дополнително да преведува за да заработи доволно. „Од едната плата не ми останува ништо, откако ќе ги платам кредитот, киријата и сметките“, вели Адеми за БИРН. „Јас ги вложувам своето здравје и време, детето го гледам едвај неколку часа, затоа што работам нон-стоп и на крај некој сака да ми земе повеќе од третина од хонорарот“, додава таа.
Вели, била во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за да ја заврши таа работа, но морала да помине на три шалтери и на крајот пак не завршила работа.
„Никој не знае точно што треба да пријавам. На еден шалтер ми рекоа дека не треба да ги пријавам договорите од лани, на друг дека треба“, вели Адеми. Исто така, вели оти не знаеле да ѝ објаснат дали ако примањата не го надминуваат износот од 21.000 денари, или просечна плата, треба да ги пријави или не треба. „Еднаш ми рекоа дека не треба да се пријави, друг пат дека сè треба да се пријави“вели таа.
Повеќе ТУКА