„Прифаќам само под овој услов“: Шокантни барања на Џеј Ло за настап во шоу

од Stefanija Kuzmanovska

Австралиската пејачка, актерка и водителка Дени Миног (50) во едно неодамнешно интервју се присети на момент од минатото, кога латино дивата Џенифер Лопез (52) имаше посебни барања да се појави во шоуто „Top of the Pops“ кон крајот на 90-тите.

Имено, Џеј Ло одбила да се појави во шоуто доколку нејзината соблекувална целосно не биде реконструирана. Барањата вклучувале целата соба да биде во бела боја, вклучувајќи го и мебелот.

Откако во 1999 година се појави во популарното музичко шоу, може да се заклучи дека продуцентите и телевизиската куќа направиле се што било побарано од нив, и целосно ја реновирале просторијата за пејачката.

„Постојано слушате приказни за дива моментите на светските ѕвезди, но јас всушност можам да потврдам за еден. На крајот, таа ги кажа своите барања. Потоа ја искористив ситуацијата и отидов да видам како изгледа нејзината соблекувална. Го погледнав секој детал. Единственото нешто што не разбрав е зошто бело. Сите изведувачи користат еден тон шминка за лице и тело, како седат со тоа на бел кауч?“, откри Дени Миног, сестрата на австралиската пејачка Кајли Миног.

Да потсетиме, Џенифер Лопез пред неколку недели го објави својот документарец на Нетфликс во кој ги открива деталите како се пробила на музичката и актерската сцена.

Џеј Ло изјави дека поради нејзините латински корени ѝ било исклучително тешко да се бори со предрасудите, а многумина ја одбивале поради облините кои во тоа време не биле во мода.

Слични содржини