Основниот суд Скопје 1 го одобри обвинението за терористичка организација и Тероризам за случајот Диво Насеље. Се уште не се знае точниот датум кога на обвинителна клупа ќе седнат 29 – на обвинети. Денеска судот излезе со соопштение откако пред десет дена се одржала јавната седница за оценка на обвинителниот акт.кум пол

Советот за оценка на обвинителен донесе одлука со која обвинителниот акт се одобрува, а приговорите на обвинетите се одбиваат како неосновани. По детална анализа на наводите наведени во писмените приговори на обвинителниот акт, доставени до судот, како и наводите на обвинетите и нивните бранители дадени на јавно одржаната седница за оценка на обвинителен акт и ценејќи ги фактите врз кои се заснова актот, го одобри обвинителниот акт, а приговорите ги одби како неосновани.

Слични содржини