Прифатена гаранцијата на Мијалков за да излезе од притвор

од Nikola Popovski
291 прегледи

Обвинителството го прифатило предлогот на одбраната на притворениот екс-директор на УБК, Сашо Мијалков да му се укине мерката притвор со гаранција од 10,8 милиони евра, во недвижнини.

„Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10.871.170,00 евра е прифатлива за обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата“ се вели во одговорот за РСЕ, од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Мијалков издржува мерка притвор за случајот „Трезор“, каде што е неправосилно осуден на 8 години затвор. Таа мерка, согласно претходното решение на судот, е до правосилност на пресудата

Мијалков, исто така, има и неправосилна пресуда од 12 години затвор за случајот„Таргет-Тврдина“, а против него се водат и судски процеси за „Титаник 2“ и за „Тортура“, кој е во самата завршница.

Слични содржини