345
Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата и им го укинал притворот на охридскиот советник и бизнисмен Нефи Усеини и неговиот брат, но обвинителството поднело жалби па Усеини остануваат во затвор да ја чекаат одлуката што треба да ја донесе битолска Апелација, јави Телма ТВ.
Минатата недела браќата Усеини поднесоа гаранција за бидат пуштени од притвор, откако претходно истиот им беше одреден од судот.
Гаранцијата е во висина од 30 000 евра за двајцата.