Прифатена гаранцијата од над 11 милиони евра, Мијалков излегува од притвор

од Берта Китинска
276 прегледи

Поранешниот директор на Управа за државна безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков излегува од притвор.

Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата од 11 106 501 евро гаранција.

Судиите од Апелацискиот суд му определиле мерки на претпазливост, односно на Мијалков му се одземени пасошот и му е забрането добивање на нови патни исправи, а добил и обврска да се јавува во судот еднаш неделно.

Мијалков неправосилно е осуден 12 години затвор во случајот „Таргет – Тврдина“ за нелегалното прислушување и на 8 години затвор за случајот „Трезор. Во тек се и судски процеси за „Титаник 2“ и за „Тортура“, кој е пред донесување пресуда. Обвинителството на 12 мај годинава, поднесе обвинение и за случајот „Плацеви на Водно“, каде и Мијалков е меѓу осомничените.

Слични содржини