Прифатена гаранцијата, Ристовски излегува од притвор

од Nikola Popovski
412 прегледи

Поранешниот министер од владите на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски излегува од притвор. Тој понудил гаранција до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд во Скопје која му е прифатена.

Ристовски беше седум месеци во куќен притвор. Тој со првостепена пресуда е осуден на шест години и три месеци затвор за случајот „Организаторите на 27 април“.

Предметот за случајот е во Апелациониот суд Скопје.

Претходно од притвор излегоа и поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, како и уште еден поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески.

Слични содржини