Прифатени дел од амандманите, Буџетот 2022 оди на усвојување во Собрание

од Vladimir Zorba
316 прегледи

Владата денеска ги утврди дополнувањата на Предлог-буџет на Република Северна Македонија за 2022 година, кои произлегоа од амандманската расправа во комисиите во Собранието.

Владата утврди дека од вкупниот број на амандмани прифатени се 23 во вкупен износ од околу 382 милиони денари.

Дополнително, на денешната седница на предлог на Министерството за финансии Владата на Република Северна Македонија да ги усвои и следните измени како дополнување на Буџетот за идната година: Зголемување на средствата во Министерството за информатичко општество и администрација во износ од 250 милиони денари за реализација на програмските активности на Македонската радио телевизија; зголемување на средствата во Уставен суд на Република Северна Македонија во износ од 1 милион денари за избор на нови уставни судии; зголемување на средствата во Финансиска полиција во износ од 1 милион денари за преземени обврски за набавка на возило, како и некои други.

Со овие измени, дополнетиот Предлог-буџет за 2022 се враќа на усвојување на пленарна седница на Собранието.

Слични содржини