Прифатете го предлогот, затоа што друг ќе нема, вели Рама

од Берта Китинска
134 прегледи

Скопје треба да го прифати предлогот за деблокада на евроинтеграциите, да ја искористи шансата и не смее да дозволи да остане прд вратата на ЕУ уште 17 години, смета албанскиот премиер Еди Рама.

– Ви велам, прифатетет го, зашто нема да има друг предлог. Тоа е финален. Не ви треба да останете пред вратата на ЕУ уште 17 години. Вратата треба да се отвори и на тој начин ќе може да се дебатира за сите прашања преку дијалог меѓу Северна Македонија и Бугарија. Отворете ја оваа врата, отворете ја сега, порача Рама во интервју за Канал 5.

Според него, сега е време да се направи избор, а неговото претчувство, како што наведе, говори дека ќе биде голема грешка ако не се прифати предлогот, бидејќи земјата ќе биде оставена, и никој нема да има волја да се наврати на неа, и затоа предлогот не треба да се одбива.

-Видете, јас ја следев целосно тешката работа која беше направена, особено во Мадрид за да се задоволат грижите на македонската страна и можам да ви кажам дека претседателот Макрон ја стави цела своја тежина во 48 часа, дење – ноќе и благодарение на мојата добра врска со него, но и благодарение на Бујар Османи, кој беше неверојатен во неговото трпение, издржливост, и тврдоглавост. Новиот предлог е финален, морате да разберете дека е финален, и јас силно верувам дека е вистинскиот момент и е апсолутно во ред да се прифати и да се отвори оваа врата, рече Рама.

Слични содржини