Приговорот на Силјановска повторно ќе биде разгледан од Антикорупциска

од Nikola Popovski
189 прегледи

Антикорупциската комисија денеска на седница повторно ќе постапува по приговорот од претседателскиот кандидат Гордана Силјановска – Давкова во врска со полагањата во Академијата зa судии и јавни обвинители (АСЈО) „Павел Шатев” за време на предизборниот процес.

Приговорот се однесува на тековното полагање на 299 луѓе на академијата за судии и јавни обвинители, со образложение дека, според закон, статусот слушател на академија значи заснован работен однос со академијата за периодот од почетната обука до избор за судија или за јавен обвинител. Тековното полагање, според Силјановска-Давкова, е незаконско вработување во предизборие.

Според приговорот на Силјановска – Давкова доставен на 6 април до ДКСК, АСЈО спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. Во образложението на приговорот пишува дека Академијата во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе достави претставка за говорот на омраза, навредите и дискриминацијата од страна на Гордана Силјановска-Давкова и од политичката партија ВМРО-ДМПНЕ, којашто ја поддржува нејзината кандидатура, информира вчера од Изборниот штаб на шефот на државата.

Оттаму додаваат дека „Гордана Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати, на јавните собири и митинзи, искажаа лични навреди и клевети за кандидатот за претседател Пендаровски, коишто, освен што го нарушуваат неговото достоинство и неговите чест и углед, исто така содржат и елементи на говор на омраза, со што наведените може да поттикнат други лица да сторат дела од омраза“.

Слични содржини