Пригожин: Борците на Вагнер се повлекуваат од Бахмут на 10 мај

од Stefanija Kuzmanovska
1,1K прегледи

Сопственикот и водач на руската паравоена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин денеска изјави дека неговите сили ќе го напуштат украинскиот град Бахмут на 10 мај.

„Во име на борците на Вагнер, во име на командата на Вагнер, изјавувам дека на 10 мај 2023 година ќе бидеме обврзани да ги пренесеме нашите позиции во населбата Бахмут на единиците на министерството за одбрана и да ги повлечеме остатоците од логистичките логори на Вагнер за да можеме да си ги ‘излижеме раните’. Ги повлекувам единиците на Вангер од Бахмут бидејќи е бесмислено тие да умираат во отсуство на муниција“, рече Пригожин.

„Ројтерс“ потсетува дека од минатото лето, формацијата „Вагнер“ ги предводи обидите на руската армија да го заземе Бахмут, градот кој беше сцена на најдолгите и, како што се наведува, најкрвавите битки во војната во Украина.

Слични содржини