Лидерот на руската приватна паравоена организација „Вагнер“, Евгениј Пригожин денеска соопшти дека е постигната целосна контрола над украинскиот град Бахмут.
„На 20 мај напладне целосно беше окупиран Артемовск“, напиша Пригожин на каналот на Телеграм.
⚡️🪖 Russian forces have taken complete control of Artyomovsk-Bakhmut, Donetsk Republic (ex-Ukraine) – Wagner PMC Chief Prigozhin.
UPDATE: Prigozhin adds Wagner forces will begin leaving city from May 25, transferring city control to Russian troops. pic.twitter.com/Ffg3PBSftN
— Matthew Clancy (@mclancycpa) May 20, 2023
Артемовск е руското име за градот Бахмут.
Овие тврдења Пригожин ги изнел во видео во кое се појавува во униформа пред борците кои држеле руски знамиња и симболи на „Вагнер“.
Инаку, Бахмут е сцена на најдолгите и најжестоките борби во војната во Украина, пренесува „Ројтерс“.