260
Шефот на паравоената платеничка организација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска ги демантираше наводите дека на владата во Киев ѝ понудил да ги открие позициите на руските војници.
Во аудио пораката која ја објави неговата прес-служба на Телеграм, Пригожин ги нарече тие наводи „глупости“ и оцени дека зад нападот врз него стојат жители на московското предградие Рубљовка, дом на деловната и политичката елита.
Пригожин негираше дека се сретнал со шефот на военото разузнавање на Украина, Кирил Буданов во Африка, велејќи дека тој не бил на континентот од почетокот на конфликтот во Украина и ја отфрли идејата за телефонски разговор со него како смешна.