Пригожин го прекина молкот: „Маршот за правда“ имаше за цел борба против предавниците

од Vladimir Zorba
520 прегледи

Во својата прва гласовна порака од 26 јуни, основачот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин рече дека очекува „нови победи на фронтот“, не наведувајќи детали.

Пораката е објавена на телеграм каналот „Сива зона“, поврзан со приватната платеничка воена компанија „Вагнер“, пренесе РТС.

Пригожин му се заблагодари на рускиот народ за поддршката, која, како што рече, е потребна повеќе од кога било досега.

„Сакам да разберете дека нашиот „марш за правда“ имаше за цел „борба против предавниците и мобилизирање на нашето општество“. Мислам дека постигнавме многу“, изјави Пригожин.

На 23 јуни, Пригожин започна „марш за правда“ против руските воени лидери, откако руската армија наводно цели на позициите на борците „Вагнер“ во Украина.

Неговите платеници го окупираа Ростов и стигнаа на 200 километри од Москва, за нагло да го прекинат бунтот по разговорот меѓу Пригожин и претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

На Пригожин и неговите војници им беше дозволено да заминат во Белорусија. Им било понудено да се приклучат на руската војска или, доколку сакаат, да се вратат во своите домови.

Лукашенко рече дека Пригожин пристигнал во Белорусија на 27 јуни. Сепак, се уште нема потврда за тоа каде точно се наоѓа шефот на Вагнер.

Слични содржини