Пригожин го запре походот кон Москва

од Vladimir Zorba
556 прегледи

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави дека им наредил на своите платеници да престанат да се движат кон Москва и да се повлечат во нивните теренски кампови во Украина за да избегнат пролевање на руска крв, пренесува АП.

Пригожин рече дека иако неговите луѓе биле на само 200 километри од Москва, тој одлучил да ги врати назад за да избегне „пролевање руска крв“.

Кабинетот на белорускиот претседател Александар Лукашенко претходно објави дека лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин, го прифатил предлогот за „запирање на движењето на вооружените лица на компанијата Вагнер на територијата на Русија и преземање дополнителни чекори за деескалација на тензиите“. соопшти кабинетот на претседателот на Белорусија, пренесува британски Гардијан.

Во соопштението се наведува дека Владимир Путин утрото го известил Лукашенко и со негово одобрение Лукашенко преговарал со Пригожин.

„Преговорите продолжија во текот на денот. Како резултат на тоа, тие постигнаа договор за недозволивоста да се изврши крвав масакр на територијата на Русија“, се вели во соопштението.

Слични содржини