Пригожин: Групата „Вагнер“ ја прави Африка послободна

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Во видеото објавено на Телеграм каналите поврзани со паравоената организација „Вагнер“, основачот и сопственик на групата Евгениј Пригожин, облечен во борбена опрема, вели дека неговата организација ја прави Африка „послободна“.

Се верува дека „Вагнер“ распоредил илјадници свои борци во Африка, каде што има профитабилни деловни интереси, а африканските земји каде што се активни оперативците на „Вагнер“ се Мали и Централноафриканската Република (ЦАР), земји каде што групите за човекови права и ОН ги обвинуваат за за воени злосторства, јави Би-Би-Си.

Минатиот месец Велика Британија воведе санкции за двајца водачи на операциите на „Вагнер“ во ЦАР, обвинувајќи ги за мачење и убивање цивили.

Слични содржини