Пригожин ја одби понудата на Путин: „Нема да потпишуваме договори со министерството“

од Stefanija Kuzmanovska
365 прегледи

Шефот на руската платеничка група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, во средата повтори дека неговите борци нема да потпишат договори со министерството за одбрана, еден ден откако претседателот Владимир Путин рече дека договорите се потребни, пренесува „Ројтерс“.

„Ниту еден од борците на Вагнер не е подготвен повторно да оди по патот на срамот. Затоа нема да потпишуваат договори“, рече Пригожин, директно обраќајќи му се на Путин.

Вчера Путин го поддржа повикот на министерството за одбрана за „доброволните“ борци во Украина да потпишат договори со воената команда на земјата, а „Ројтерс“ наведува дека тоа нашироко се смета за средство за воспоставување контрола врз „Вагнер“.

Путин рече дека договорите се неопходни за да им се овозможи на сите руски активисти во Украина да ги добиваат социјалните исплати кои им следуваат. Ова вклучува компензација на борците доколку се ранети и на нивните семејства ако бидат убиени во борба.

Од минатата година, Пригожин го обвинува рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и највисоките воени сили дека не обезбедуваат соодветна поддршка и муниција на неговите борци во Украина и дека „Вагнер“ претрпел голем број жртви како резултат на тоа.

Сепак, тој во денешната изјава рече дека смета оти ќе се најде „компромисно решение“ меѓу Путин и парламентот за да им се овозможи на борците на „Вагнер“ да добијат социјални гаранции и заверен статус на борци.

Слични содржини