Пригожин: Киев подготвува контраофанзива со најмалку 200.000 војници

од Stefanija Kuzmanovska
163 прегледи

Основачот на руската армија Вагнер, Евгениј Пригожин изјави дека Украина за контраофанзива подготвила повеќе од 200.000 војници, а според некои извори и до 400.000. Пригожин истакна дека овој факт не треба да се потценува.

Минатата недела украинските вооружени сили објавија дека 40.000 војници во 8 јуришни бригади се подготвени за офанзива.

РИА Новости цитира украински и западни експерти кои велат дека една од насоките на ударот е регионот на Запорожје со цел да се излезе во Азовското Море и да се отсече копнениот коридор кон Крим.

Од руска страна повеќепати изјавија дека се подготвени за какви било акции на украинските сили.

Слични содржини