Пригожин не застанува со критики: Фракции во Кремљ ја уништуваат Русија

од Nikola Popovski

Основачот на руската паравоена група Вагнер Евгениј Пригожин денеска изјави дека различни фракции во Кремљ ја уништуваат земјата обидувајќи се да посеат семе на раздор меѓу него и чеченските борци.

„Опасните игри станаа секојдневие во кулите на Кремљ. Тие едноставно ја уништуваат руската држава“, рече Пригожин, пренесе Ројтерс.

Тој не прецизирал за кои фракции на Кремљ се мисли, но рече дека ќе продолжат со обидите за ширење раздор и дека ќе мора да платат за тоа.

Пригожин истакнал дека е решен конфликтот меѓу него и Чеченците, кои исто така се борат во Украина со руската армија.

Тој истакнал дека секоја битка меѓу специјалните сили „Ахмат“ на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и „Вагнер“ ќе резултира со сериозно крвопролевање, но нема сомнеж кој ќе победи.

Основачот на Вагнер уште еднаш го изрази своето незадоволство од моменталната ситуација на теренот и укажа на вината на министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов.

„Министерството за одбрана не е во состојба да направи ништо бидејќи де факто не постои. Во хаос е“, рекол Пригожин.

Слични содржини