663
Лидерот на милитантната група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, смета дека претседателот на Русија, Владимир Путин, бил „длабоко во заблуда“.
Како што пренесува „Гардијан“, коментирајќи го телевизиското обраќање на Путин, Пригожин во аудио снимка рече дека претседателот бил „длабоко во заблуда“ кога го нарекол предавник.
„Никој нема да се предаде на барање на претседателот… Не сакаме земјата да продолжи да живее во корупција и лаги“, додаде тој.
„Ние сме патриоти, а тие што се против нас се оние што се собраа околу копилињата“, рече Пригожин.
Аудио пораката е првпат Пригожин директно да се изјасни против рускиот претседател.