848
Основачот на руската приватна паравоена организација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска ја минимизираше улогата на редовната руска армија во заземањето на Бахмут.
Во говорната порака објавена од неговата прес-служба на апликацијата Телеграм, Пригожин рече дека при заземањето на Артјомовск (Бахмут), практично никој од армијата не им помогнал, пренесе „Ројтерс“.
Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малиар, претходно денеска изјави дека украинските сили делумно го опколиле Бахмут долж периметарот на градот и дека сè уште имаат контрола врз некои станбени области на градот.