145
Шефот на руската паравоена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска изјави дека украинските сили не го напуштаат градот Бахмут и дека борбите продолжуваат во западниот дел на градот.
„Мора јасно да се каже дека непријателот не оди никаде“, соопшти Пригожин на Телеграм, пренесува „Ројтерс“.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски навести можно повлекување од градот во средата, велејќи дека Киев ќе донесе „соодветни“ одлуки доколку украинските сили во Бахмут се во опасност да бидат опколени од руски војници.