Пригожин: Шојгу и Герасимов го лажат Путин за обемот на руските загуби и неуспеси во Украина

од Vladimir Zorba
598 прегледи

Сопственикот и командант на руската паравоена формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин денеска го обвини военото раководство на Русија дека „го лаже претседателот Путин“ и рускиот народ за размерите на руските загуби и неуспеси во Украина.

Според Ројтерс, Пригожин го опишува „Вагнер“ како најефективната руска борбена сила и одбил наредба на платеничките групи, како неговата, да потпишат договори со руското Министерство за одбрана до 1 јули.

Во него се додава дека ужива „невообичаено голема слобода“ јавно да ја критикува Москва, иако не директно Путин, и дека и покрај тоа, наредбата за ставање на платениците под директна контрола на Министерството е еден вид сугестија дека тој повеќе не е толку важен за Путин.

Слични содржини