Пригожин тврди дека Американец е убиен кај Бахмут: „Ќе го покриеме со американското знаме“

од Stefanija Kuzmanovska
335 прегледи

Евгениј Пригожин, сопственик и водач на руската паравоена формација „Вагнер“, денеска изјави дека во борбите во градот Бахмут загинал американски државјанин.

Во видеото објавено на каналот Телеграм на групата „Вагнер“, се гледа Пригожин како го прегледува телото на загинат војник и држи, како што јави Си-Ен-Ен, американска лична карта, како што ја нарече тој.

„Значи, ќе го предадеме на САД, ќе го ставиме во ковчег, ќе го покриеме со американско знаме со почит, бидејќи тој не умре во кревет како старец, тој загина во војна. Најверојатно тоа е достоинствена смрт, нели?“, вели Пригожин на видеото.

Еден војник потоа вели дека загинатиот маж возвраќал оган во моментот на неговата смрт, а Пригожин одговара: „Пукал… Загинал во битка. Утре ќе му ги предадеме документите и ќе спакуваме се, добро?“.

Видеото е снимено во Бахмут во текот на ноќта, со звуци на минофрлачки напад, а се слушаат војници како извикуваат: „Повлечете се! Минофрлачки напад од западната страна“.

Групата „Вагнер“ и самиот Евгениј Пригожин често објавуваат видеа за пропагандни цели, потсетува Си-Ен-Ен.

Слични содржини