Пригожин: Вагнер го контролира целиот источен дел на Бахмут

од Stefanija Kuzmanovska

Евгениј Пригожин, основачот на паравоената формација „Вагнер“, која се бори во Украина, тврди дека целиот источен дел на градот Бахмут, околу кој се водат силни борби, е под руска контрола.

„Единиците на Вагнер го окупираа целиот источен дел на Бахмут. Сè источно од реката Бахмутка е целосно под контрола на силите на Вагнер“, објави Пригожин на Телеграм, пренесува РИА Новости.

Еден ден претходно, прорускиот функционер во самопрогласената Народна Република Доњецк, Јан Гагин, објави дека руските сили контролираат речиси половина од Бахмут.

Слични содржини