309
Шефот на приватната воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин изјави дека на 25 мај ќе ѝ ја предаде контролата врз Бахмут на руската армија, пренесоа светските агенции.
„До 25 мај ние целосно ќе го пребарaме градот, ќе создадаме одбранбени позиции и ќе го предадаме на војската да се грижи за него“, рече Пригожин во видеото кое неговата прес-служба го објави на каналот Телеграм.
„Ние ќе се вратиме во базите“, додаде тој.
Претходно денеска Пригожин изјави дека неговите сили целосно ја презеле контролата над градот.