Приходите на Царина пораснале за 10,3 отсто во 2023-та, управата учествува со 43% државниот Буџет

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Приходите по основ на царина пораснале за 10,3 отсто во 2023 во однос на претходната 2022 година и изнесуваа 9,1 милијарда денари, соопшти директорот на Царинската управа Стефан Богоев.

Тој исто така соопшти дека Царинската управа учествува со 43 отсто во вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија.

Раст има и по основ на приходите од акциза кои во 2023 година биле 32,4 милијарди денари, односно 5 отсто повеќе откоку во 2022 година. Значителен раст има и на приходите од данок на моторни возила. Во 2023 година биле собрани 2,2 милијарди денари или за 46,7 отсто повеќе од 2022 година.

Вкупните приходи кои ги наплатила Царинската управа во 2023 година изнесуваат 117,9 милијарди денари, средства кои се слеваат во Буџетот и се еден од главните извори за инвестиции во здравство, образование, инфраструктура.

Слични содржини