Приходите од нафта и гас во Русија за првите 7 месеци годинава се зголемени за 61,6 отсто 

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Приходите од нафта и гас во Русија за првите 7 месеци годинава се зголемени за 61,6 отсто  на речиси 72,85 милијарди евра, објави руското Министерство за финансии.

Даноците за екстракција и извоз на нафта и гасен кондензат (данок за екстракција на минерали, извозна давачка и дополнителен данок на добивка) од јануари до јули 2024 година донеле 85,32 милијарди евра во рускиот буџет, пренесе ТАСС.

Производството на гас во Русија годинава ќе се зголеми за шест отсто, на 675 милијарди кубни метри, се наведува во најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) за пазарот на гас.

Според податоците на агенцијата, производството на руски гас се зголемило за седум отсто на годишно ниво во првата половина од оваа година, пренесува Комерсант.

Главен мотор на растот на производството на гас во првата половина од годинава беше растот на извозот преку гасоводи, како и на извозот на течен природен гас.

Во споменатиот период Русија ги зголеми испораките на гас за Кина преку гасоводот „Силата на Сибир“ за 35 отсто на годишно ниво, а зголемена е и испораката за Европа.

Слични содржини