Пријанка Чопра ја објави првата фотографија од својата ќерка: „100 дена беше на интензивна нега“

од Stefanija Kuzmanovska
542 прегледи

Пријанка Чопра на Инстаграм ја објави првата фотографија од својата ќерка откривајќи дека нејзиното бебе поминало 100 дена на одделението за интензивна нега по раѓањето.

На фотографијата ја гледаме актерката и поранешна Мис на светот со малата Малти Мари која се роди на почетокот на годинава и нејзиниот сопруг Ник Џонас (28). Пријанка Чопра (39) по повод Денот на мајката објави емотивна слика придружена со посебна порака.

– На овој ден на мајката не можеме а да не се навратиме на последните неколку месеци и на турбулентните настани што ни се случија, а знаеме дека и многу други луѓе ги доживеале – напиша Пријанка Чопра на Инстаграм и додаде:

-По повеќе од 100 дена на одделението за интензивна нега, нашето девојче конечно е дома. Искуството на секое семејство е единствено и бара вера.

Слични содржини