Пријанка: Меган е жртва на расизам од страна на британските медиуми

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Додека Меган Маркл се воздржува да говори против британските медиуми, поради нејзината улога во кралското семејство, тогаш нема кој да ја сопре нејзината пријателка Пријанка Чопра да го стори тоа. Во ново интервју за „The Sunday Times“, сопругата на Ник Џонас зборуваше за критиката на печатот против војвотката на Сасекс.

„Тоа е навистина штета, но ако има некој што може да се справи со ситуацијата, тоа е таа“, рече актерката.

Според Чопра, неправедниот однос на медиумите се должи на тоа што не може да прифатат жена со различни корени за кралското семејство.

„Се разбира дека е прашање на расизам, тоа е очигледно. Убавината на Мег, сепак, лежи во тоа дека и покрај сето тоа остана верна на себе. Многу луѓе ја познаваат, откако започна да се среќава со Хари, но ние сме пријателки од претходно, и таа е иста девојка. И покрај нејзината висока јавна положба, таа продолжува да зборува за старите работи. Исто како и порано. Пред сето ова да се случи, двете поминувавме часови, разговарајќи за разликите, што дијалогот и влијанието можат да ги предизвика во светот. Она што сега го гледате, всушност е она“, вели Чопра.

Во врска со гласините за непријателство меѓу двете, таа негираше слично нешто.

„Пред неколку години со неа утврдивме врска, преку начинот на кој гледаме на светот како жени. Меган е прогресивна, модерна и самоизградена девојка, која е како сите нас. Таа е неверојатна, но во исто време држи до себе на сто проценти“, заврши актерката.