Пријател на Афлек откри детали од венчавката на Бен и Џеј Ло: „Беше како во бајка“

од Stefanija Kuzmanovska

Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа на 16 јули и имаа голема прослава за семејството и пријателите.

Еден од присутните беше пријателот на Бен, Кевин Смит кој неодамна откри нови детали од церемонијата.

„Дури и бездушен робот ќе се замине од таа церемонија велејќи: О Боже, вистинската љубов може да се случи!. Тоа беше вистински крај од бајките. А Џенифер Лопез има беспрекорен вкус. Сè изгледаше фантастично. Таа изгледаше фантастично. Сите изгледаа фантастично“, изјави актерот и режисер во  емисијата „The View“.

„Бев среќен за нив. Тие го заслужуваат тоа“, додаде тој и призна дека за време на церемонијата многу плачел.

Тој исто така рече дека Афлек напишал емотивен говор од 12 страници, а Џенифер одела по олтарот со песната „The Things We’ve Handed Down“.

Слични содржини